20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот хоcтел на тркала (видео)

Првиот хоcтел на тркала (видео)

hostel 88

Првиот мобилен хостел може да се појави пред пошироката јавност во есента 2016-та година.

Неговото име ќе биде „Nearby“, а тој ќе ги реши проблемите на посетителите на музички настани, бидејќи голем дел од сцените се наоѓаат надвор од големите градови.

Секој еден контејнер ќе располага со 9 соби и вкупно 26 кревети, две купатила, два тоалети кои ќе можат да се користат само 30 минути откако „Nearby“ ќе биде паркиран.

Nearby mobile hostel
Nearby mobile hostel

Просторијата може лесно да се преуредува, под услов да има потреба од повеќе простор за забава, на пример.

Секоја од собите ќе располага со безжичен интернет, кафемат, фрижидер, телевизор и клима уред.

Друга погодност на собите во „Nearby“ е дека тие се отвораат со смартфонот, а не со клуч кој има веројатност да го загубите по забавата во претходните часови на вечерта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП