11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens ќе инвестира 1 милијарда евра во стартап компании

Siemens ќе инвестира 1 милијарда евра во стартап компании

si minhen 33

„Siemens“ ќе инвестира 1 милијарда евра во стартап компании, соопшти самата компанија за агенцијата „Bloomberg“. Целта на компанијата е да финансира идеи кои имаат потенцијал го да променат релевантниот пазар.

Иницијативата се нарекува „next47“ и е предвидена да трае пет години. Таа ќе почне од први октомври годинава, а ќе се движи од канцелариите на „Siemens“ во Беркли, Шангај и Минхен.

Една од целите на компанијата е да се реформира и да влезе во дигиталниот пазар. Таа сака да ја смени својата репутација на премногу бавна и попретпазлива, коментира агенцијата.

„next47“ создава можност за компанијата да експериментира и расте без внатрешни ограничувања, коментира главниот технички директор на „Siemens“ Зигфрид Русвурм. Компанијата сака да развие пофлексибилна култура, како што беше утврдено во нова стратегија од крајот на минатата година.

Своевидниот инкубатор за идеи веќе има и прв проект. Тоа е заеднички развој со „Airbus“, која цели да провери дали електричните мотори се реална идеја за авионите.

Компанијата има и неколку конкретни сегменти кои се нејзините најинтересни. Меѓу нив се АИ, автономни машини, децентрализирана електрификација, „blockchain“ апликации и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП