15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRolls-Royce ги покажа најбрзите Ghost и Wraith

Rolls-Royce ги покажа најбрзите Ghost и Wraith

good rr 00

Гудвуд е посебно место за производителот на луксузни автомобили „Rolls-Royce“. Таму се наоѓаат централата на компанијата, како и фабриката, во кој се составуваат машините. Покрај тоа таму секое лето се одржува и „Фестивалот на брзината“ кој привлекува голем дел од автомобилските компании.

Настанот е овој викенд, а специјално за него „Rolls-Royce“ подготви специјална верзија „Black Badge“ на два од моделите – „Ghost“ и „Wraith“. Тие добиле новитети на надворешноста, што одговара на името на модификација, кои сепак не се толку важни, бидејќи во Гудвуд најмногу се бара моќноста.

good rr 01

Верзијата „Rolls-Royce Wraith Black Edge“ добила форсиран V12 мотор со 623 КС, зафатнина од 6,6 литри и максимален вртежен момент од 870 Нм. За споредба стандардниот модел располага со 563 КС и 780 Нм. Кај „Ghost Black Edge“ карактеристиките се малку поскромни, моторот е ист, но моќноста му е зголемена до 603 КС, а вртежниот момент достигнува 840 Нм.

И двете возила се опремени со 8-брзински автоматски менувач, но од „Rolls-Royce“ одбиваат да ги соопштат динамичките карактеристики. Не е јасно и дали се предвидува сериско производство на двете машини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП