15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin Vanquish Zagato ќе чини 730.000 долари? (фото+видео)

Aston Martin Vanquish Zagato ќе чини 730.000 долари? (фото+видео)

am zagato 90

Компанијата „Aston Martin“ објави за претстојното сериско производство на нов спортски модел, создадена врз основа на концептниот „Vanquish Zagato“, кој беше претставен на „Натпреварот за елеганција“, кој се одржува секоја година на езерото Комо.

am zagato 91

Предвидено е од возилото да бидат произведени само 99 примероци, кои веќе се распродадени по претходна нарачка. Сите тие се од клиенти кои имале можност во живо да го видат возилото. Тоа е со целосно карбонска каросерија, а дизајнот и го обединува овој со други два експериментални модели на марката – „CC100“ и „Vulcan“.

am zagato 92

„Vanquish Zagato“ е опремен со 5,9-литарски атмосферски V12 мотор со моќност од 600 КС. Потпирањето е поставено специјално за овој автомобил, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,5 секунди (0,3 секунди побрзо од стандардниот „Vanquish“).

am zagato 93

Интересот кон возилото е огромен и покрај неговата сериозна цена. Таа не е прогласена официјално, но се претпоставува дека ќе биде во рамките на 500.000 британски фунти – околу 730.000 американски долари. Првите испораки кон крајните клиенти ќе бидат спроведени во почетокот на 2017-та година.

Работилницата „Zagato“ и компанијата „Aston Martin“ соработуваат повеќе од 50 години. Во 1960-та година Италијанците го развија моделот „DB4 GT Zagato“, а во 1986-та година ги направија „V8 Zagato“ во обична и кабриолет верзија. Во 2002-ра година се појави спортскиот модел „DB7 Zagato“, а во 2011-та година дебитираше и суперавтомобилот „V12 Zagato“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП