11 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗNissan Juke и Qashqai минуваат на електрична енергија

Nissan Juke и Qashqai минуваат на електрична енергија

65-2

Јапонците подготватуваат цело семејство компактни градски автомобили на струја.

По успехот на електричниот „Leaf“, кој се појави во 2010-та година, компанијата „Nissan“ благо го намали темпото на пазарот на еколошки модели. Сега сепак Јапонците се подготвени да го поправат тоа и наскоро ќе им понудат на своите клиенти електрични верзии, дури и на своите кросовери.

Според Герет Дансмор, шефот на единицата на „Nissan“ за развој на машини со нулта емисија, во блиска иднина секој модел на марката ќе може да добие електрична верзија. Во прво време јапонскиот производител, сепак ќе пушти на пазарот модификации на „Qashqai“ и „Juke“ на струја.

„Ние сме лидер во производство на кросовери, како и кај електричниот модел „Leaf“. Значи целосно логично е да ги обединиме овие две насоки во едно“, коментира Дансмор. Топ-менаџерот додаде дека првиот чекор во таа насока е создавање на универзална платформа, на која ќе може да се произведува, како автомобили со традиционални мотори, така и еколошки „EV“-модификации.

Дансмор додаде дека во плановите на „Nissan“ влегува и претставување на целосно ново семејство компактни градски електрични возила, бидејќи тоа во моментов е едно од најветувачките нешта на светските пазари. Нивниот развој сепак ќе потрае барем 5-6 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП