6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕриксон го купува Mediaroom

Ериксон го купува Mediaroom

microsoft-sells-mediaroom-ericsson-xbox-0

Компанијата Ериксон постигна договор за купување на „Mediaroom“ од компанијата „Microsoft“.

Како што се наведува во соопштението од Ериксон оваа аквизиција на компанијата ќе и ја донесе лидерската позиција на пазарот во доменот на „IPTV“ дистрибуцијата на содржини за нешто повеќе од 25 проценти во уделот на пазарот.

Се проценува дека глобалниот „IPTV“ пазар ќе ја достигне бројката од 76 милиони претплатници и приход од 32 милијарди долари до крајот на 2013-та година, додека бројките до 2015-та година ќе се зголемат на 105 милиони претплатници и околу 42 милијарди долари од вкупниот приход.

„Mediaroom“ на  „Microsoft“ е водечка платформа за дистрибуција на видео-содржини која ја користат големи компании како што се „AT&T“, „Deutsche Telekom“, „Telefonica“ и „Swisscom“.

Услугите на „Mediaroom“ се достапни во повеќе од 22 милиони сет топ боксови на американските и азиските пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП