27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBenckiser ja купува Master Blenders

Benckiser ja купува Master Blenders

master1

Холандскиот производител на чај и кафе „Master Blenders“ постигна договор со германската инвестициска група „Benckiser“, на која ќе и биде продаден за 7,5 милијарди евра.

Компаниите постигнале договор за купување на „Master Blenders“ по цена од 12,5 евра за акција, прнесува агенцијата Франс Прес.

Вкупната вредност на акциите на „Master Blenders“ изнесува 7,5 милијарди евра, наведува холандската компанија, додавајќи дека нејзиниот управен одбор во потполност го поддржува договорот.

ЈАВ е приватна групација и мнозински сопственик на козметичката компанија „Coty“ и сопственик на дел во компанијата „Reckitt Benckiser“.

Се претпоставува дека по продажбата на оваа компанија, нејзиното производство на кафе и чај ќе продолжи со нормално темпо, новите сопственици најавија дека сакаат да ја зголемат продажбата и да ги пласираат производите и во прекуокенаските земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП