21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗДефинитивно крај за Hondа CR-Z

Дефинитивно крај за Hondа CR-Z

kraj339

Откако поради слабата продажба беше повлечен од европскиот пазар, хибридниот спортски модел „CR-Z“ и натаму беше достапен во Јапонија. Сепак, според последните информации на овој автомобил му се одброени деновите и во матичната земја.

По шест години производство, „Honda“ ќе се збогува од моделот „CR-Z“ од специјалната серија „Alpha Final Label“. Aвтомобилот е достапен во металик сина нијанса на надворешноста со специјални 17 инчни алуминиумски бандажи, а бројните ознаки на кабината исто така нагласуваат дека станува збор за посебна серија.

„Honda CR-Z“ беше претставен во почетокот на 2010-та година. Тој беше замислен како хибрид со спортски карактеристки, со кои требаше да се оживее духот на популарниот „Hondа CR-X“, a покрај електромоторот има и 1.5-литарски бензински мотор.

Хибридниот погон е во состојба да произведе 130 ks. Моќта се испраќа на тркалата со помош на шестбрзински мануелен или менувач со континуално-променлив степен на пренос (CVT).

Сепак, „CR-Z“, исто како и другиот хибриден модел на „Hondа“ – „Insight“, не успеа да ги оствари очекуваните пазарни резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП