18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord го замени Ka со хечбек со 5 врати (фото+видео)

Ford го замени Ka со хечбек со 5 врати (фото+видео)

ka+ 00

„Ford“ го претстави новиот хечбек, кој ќе го замени компактниот „Ka“ на пазарот во Европа. Тој ќе се вика „Ka+“ и ќе се нуди со 5 врати, за разлика од својот претходник, кој беше достапен само со 3 врати.

Новиот хечбек ја дели платформата со „Fiesta“, па така должината му е 3939 мм, а растојанието помеѓу двете оски достигнува 2489 мм. Волуменот на багажникот на возилото е 270 литри.

ka+ 01

Од „Ford“ се категорични дека „Ka+“ значително се разликува од истоимениот модел со 5 врати, понуден во Индија и Јужна Америка. Европското возило е со друг управувач, различни амортизери и пружини, а исто така и со модернизирана суспензија.

ka+ 02

„Ford Ka+“ ќе се нуди со нов 4-цилиндричен мотор „Duratec“ со зафатнина од 1,2 литри, создаден врз основа на 1,25-литарскиот агрегат на „Fiesta“. Моторот ќе биде достапен во две варијанти на моќност – 70 и 85 КС.

ka+ 03

Во стандардната опрема на хечбекот се достапни 6 воздушни перничиња, клима, стереосистем и функција за помагање поаѓање на нагорнина. Моделот излегува на пазарот како конкурент на „Dacia/Renault Sandero“, „Kia Rio“, „Suzuki Celerio“, „Peugeot 108“ и „Citroen C1“. Цените на овој хечбек ќе стартуваат од 11.500 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП