9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen ќе пушти „набилдана“ верзија на Up!

Volkswagen ќе пушти „набилдана“ верзија на Up!

upce 33

Компанијата „Volkswagen“ ќе ги зголеми модификациите на најмалиот модел – „Up!“, со спортска верзија „GTI“. Ова го пишува весникот „Autocar“, кој се повикува на свои извори. 

Се очекува компактниот модел да биде опремен со 1,0-литарски мотор со 3 цилиндри, кој и сега е достапен за возилото. Тој развива 90 КС и 160 Нм, но за „Up! GTI“ ќе биде форсиран до 115 КС и 200 Нм, верзија користена при „VW Golf TSI BlueMotion“.

Агрегатот ќе може да се комбинира и со 6-брзински мануелен менувач, така и со 7-степен автоматски менувач со две спојки. При втората опција забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе трае 8 секунди, а максималната брзина ќе биде околу 200 км/ч.

Спортската верзија на Up! ќе добие уште нови пружини и амортизери. Таа ќе биде со намален клиренс, новитети има и во екстериерот – нови браници, посебни прагови и цевки на издувниот систем. Машината ќе биде поставена на 16-инчни тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП