17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМенаџерите заработуваат на час колку работникот месечно

Менаџерите заработуваат на час колку работникот месечно

menadzer

Една од најголемите кризи во американската економија е екстремниот пораст на нееднаквоста на приходите и богатството.

Главна причина за овие нееднаквости е бизанриот консензус дека постои нешто што се нарекува „прекумерна плата“. Главниот извршен директор на просечната голема компанија сега заработува дури 380 пати повеќе од неговиот просечен вработен. Со други зборови, во еден час заработува исто колку што другите вработени во месецот.

Повеќето врвни менаџери ќе речат дека мора така да биде, бидејќи тие работеле напорно за да дојдат до врвот и дека нивната позиција носи многу ризик и тешка работа. При тоа тие го имаат тргнато од својот ум дека и останатите работи се тешки и доста ризични. Ако инспектор во автоиндустријата згреши неговата грешка може да доведе до смрт на бројни возачи.

Проблемот е во тоа што неговата одговорност и ризик не се плаќаат со екстремно високи плати. Просечен вработен поради неговите грешки ќе биде избркан од работа, додека просечен менаџер поради своите грешки ќе мора да ја напушти компанијата со пакет во вредност од десетици милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП