19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕуростандард Банка со поддршка за лицата со Аутизам, Адхд и Аспергеров синдром...

Еуростандард Банка со поддршка за лицата со Аутизам, Адхд и Аспергеров синдром „Во мојот свет“

Eurostandard3

Еуростандард банка донираше финансиски средства за поддршка на активностите на Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“.

Средствата од оваа донација ќе бидат искористени пред сѐ за издавање на списанието „Досие сино“ кое здружението го печати неколку пати годишно со цел да ги информира и едуцира сите оние кои се соочуваат со аутизмот, АДХД или аспергеровиот синдром, во рамките на своето семејство или пошироко.

„Целта на оваа донација е да дадеме свој придонес кон јакнењето на свеста на јавноста за аутизмот кој како синдром се позачестено се јавува кај малите деца. Работата на здружението „Во мојот свет“ е од големо значење за поддршка, информирање и едуцирање на лицата со овие синдроми и нивните семејства и од таа причина Еуростандард банка сесрдно ја прифати можноста да го поддржи нивното работење“, изјави Горан Јосифовски од центарот за маркетинг и развој на производи во Еуростандард банка.

Списанието „Досие сино“ започна да се издава од 2014 година и истото содржи научни текстови и објаснувања на стручни лица со долгогодишно искуство за третманот на овие синдроми во Република Македонија и во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП