17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Peugeot 3008 е кросовер (фото+видео)

Новиот Peugeot 3008 е кросовер (фото+видео)

triiljadiiosum 00

Втората генерација на моделот „3008“ со себе носи суштинска промена – наместо досегашното „MPV“ возило добивме типичен компактен кросовер.

Одлуката на компанијата да ја промени намената на својот автомобил се поклопува со континуираниот раст на популарноста на кросовер и „SUV“ возилата во последните неколку години. Конкуренцијата во сегментот на компактни кросовери неодамна е засилена со ланисирањето на моделите како што се „Renault Kadjar“ или „Seat Ateca“, a не треба да се заборави ниту на најпродаваниот автомобил во таа класа во Европа – „Nissan Qashqai“, како и на новите генерации на традиционално силните ривали, како што се „Volkswagen Tiguan“, „Kiа Sportage“ или „Hyundai Tucson“.

triiljadiiosum 01

Покрај таквата конкуренција новиот „Peugeot 3008“ ќе има тешка задача да тргне во освојување на купувачи практично од нула, поради тоа што неговиот претходник беше наменет за малку поразлична целна група.

triiljadiiosum 02

Новиот „3008“ има значителен напредок во однос на претходникот. Изграден врз новата „EMP2“ платформа на „PSA“ групацијата, новиот автомобил е и до 100 килограми полесен во однос на минатиот, иако е цели 8 сантиметри подолг и со 6.2 сантиметри поголемо меѓуоскино растојание (вкупно 2675 милиметри). Растојанието од подлогата е зголемено на одлични 22 сантиметри, и „Peugeot“ најавува дека од „3008“ можеме да очекуваме теренски перформанси како од посериозен „SUV“.

triiljadiiosum 03

Во ентериерот, новиот „3008“ ја добива најновата интерпретација на „i-Cockpit“ кабината на „Peugeot“. Врвно-опремените модели ќе добијат целосно дигитален панел со инструменти поставен врз екран со дијагонала од 12.3 инчи – и инструментите кои се целосно прилагодливи според потребите и желбите на возачот. Дополнително, инфо-забавниот систем користи уште еден дисплеј, но со дијагонала од 8 инчи за кој од „Peugeot“ најавуваат дека веднаш реагира на сите дадени команди.

triiljadiiosum 04

Секако, „3008“ ќе може да се нарача со неколку различни бензински и дизел мотори. Во понудата ќе се најдат 1.2-литарски „PureTech“ со 130 „коњски сили“ во комбинација со автоматски или мануелен менувач, 1.6-литарски „THP“ со 165 Кс и 6-степен автоматски менувач, а доколку сакате турбодизел, тука се „BlueHDI“ моторите со зафатнина од 1.6 или 2 литри кои нудат меѓу 100 и 180 Кс. Секако, и тука постои опцијата за комбинирање со автоматски или мануелен менувач.

triiljadiiosum 05

Интересно, со новиот „3008“, „Peugeot“ ќе понуди и мал електричен скутер кој можете да го користите за подобрена мобилност, а кој ќе може лесно да се „спакува“ во посебен оддел во багажниот простор и да ги полни батериите додека автомобилот е во движење.

triiljadiiosum 06

Новиот „3008“ ќе се произведува во фабриката на „Peugeot“ во Сошо, Франција. Официјалното деби е закажано за саемот на автомобили во Париз во октомври, а продажбата ќе започне кон крајот на истиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП