19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШирум Европа протести против компанијата „Monsanto“

Ширум Европа протести против компанијата „Monsanto“

mon

Околу 1.500 луѓе се собраа во саботата во Париз на протести против „Monsanto“, мултинационален земјоделско-биотехнолошки гигант, водечки светски производител на хербициди и генетски модификувани семиња (ГМО), барајќи забрана за користење на пестициди и ГМО материјали, а протести беа одржани и во други европски градови.

Во Бордо со истиот мотив се собрале околу илјада демонстранти кои извикуваа „Сите го мразат Monsanto“ и „Не сакаме пестициди“, а во Лион имало 800 луѓе.

Собири на повик на граѓански здруженија по истиот повод имало и во други француски градови но и во Канада, наведува AFP.

Во Хрватска собири против Monsanto се одржани во Загреб и во Осијек, каде што им е изразена поддршката на малите семејни земјоделски стопанства кои произведуваат здрава храна, пренесе агенцијата Hina.

Во Моргес, во близина на швајцарска Лозана, според податоците на организацијата Гринпис, се собрале околу 1.200 луѓе, а меѓу транспарентите кои биле истакнати се издвојувал „Monsanto е злосторничка организација“.

Собирите против Monsanto следеа неколку дена откако Европската унија по вторпат го одложи носењето одлука по долготрајните преговори за продолжувањето на дозволата за користење глифосфати, содржани во хербицидот „Round Up’, кој го произведува оваа американска компанија.

Во извештајот на Обединетите нации објавен претходно во мај, се наведува дека не е веројатно дека одредени количества од супстанцијата во организмот ќе доведат до појава на рак, но минатогодишниот извештај на агенцијата за канцер на ОН повикува да се признае како канцерогена./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП