27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗZagato направи уникатен Aston Martin

Zagato направи уникатен Aston Martin

zagato999

Италијанската работилница „Zagato“ подготви уникатна верзија на суперавтомобилот „Aston Martin Vanquish“, чија каросерија е целосно изработена од карбон. Премиерата на моделот ќе се одржи викендов на конкурсот за елеганција, кој се одржува секоја година на езерото Комо.

При создавањето на автомобилот дизајнерите црпеле инспирација од најпознатите и најбрзи модели на британската марка во последниве години. Обликот на издувниот систем, куќиштето на ретровизорот, кабронскиот заден дифузор и системот за сопирање се превземени од „One-77“.

Крилата и страничните елементи од каросеријата на „Vanquish Zagato Concept“ водат директно кон експерименталниот роудстер „СС100“, лансиран во 2013-та година во чест на прославата на 100-годишниот јубилеј на „Aston Martin“. Задните „LED“ светла имаат елементи, слични на оние на суперавтомобилот „Vulcan“.

zagato9990

Моќноста на 5.9-литарскиот „V12“ мотор е зголемена од 576 на 600 КС. Освен тоа е наштимана суспензијата на кабината за да може управувањето да стане поостро. Засега динамичките карактеристики на автомобилот остануваат во тајност, но стандардниот „Aston Martin Vanquish“ забрзува од 0 до 100 km/h за 4,1 секунди, а максималната брзина му достигнува 295 km/h.

Работилницата „Zagato“ и компанијата „Aston Martin“ соработуваат повеќе од 50 години. Во 1960-та година Италијанците го изградија моделот „DB4 GT Zagato“, а во 1968-ма година го направија специјално купе и кабриолет „V8 Zagato“. Во 2002-ра година се појави спортскиот „DB7 Zagato“, а во 2011-та година дебитираше и моделот „V12 Zagato“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП