3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПопуларниот бренд затвора 75 продавници ширум светот

Популарниот бренд затвора 75 продавници ширум светот

web1_6388698-5dd29a6c7ed146b9b736df44f3dd7f2f_0_0

Американскиот дистрибутер на облека „GAP“ соопшти дека во оваа година ќе затвори 75 продавници поради падот на продажбата.

Компанијата ќе затвори 53 продавници за облека од брендот Old Navy само во Јапонија.

Како нови пазари за својот ценовно најдобар бренд ги издвои САД, Мексико и Кина. Јапонија сепак „ќе остане важен пазар“ со повеќе од 200 „GAP“ и „Banana Republic“ продавници, соопшти компанијата.

Целта на затворањето е намалување на вкупните трошоци а ќе ги зафати и продавниците на брендот „Banana Republic“ и тоа повеќето на меѓународните пазари.

„GAP“ како и конкуренцијата е погоден од промената на стилот на потрошувачките и бавната потрошувачка ширум светот, како и од конкуренцијата на онлајн продавниците за облека.

Нето приходите на „GAP“ на глобалните пазари паднаа во првиот квартал заклучно до крајот на април за шест проценти, на 3,44 милијарди долари во однос на истиот период лани. Продажбата е намалена во сите региони освен во Азија каде што таа благо порасна. Во САД, на кои отпаѓа 77 проценти од вкупната продажба, исто така продажбата падна за шест проценти.

Нето добивката изнесувала 127 милиони долари, што значи дека е речиси преполовена во однос на истиот минатогодишен период а е во согласност со проценките на „GAP“ објавени на почетокот на месецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП