10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi S8 Plus доби рекордна моќност (фото)

Audi S8 Plus доби рекордна моќност (фото)

rek audi 00

Екстремниoт „Audi S8 plus“ со 4,0-литарски битурбо „V8“ мотор е еден од омилените автомобили на компаниите за тјунирање. Само пред неколку дена работилницата „ABT Sportsline“ ја претстави својата верзија со 705 КС, а сега дојде ред и на фирмата „mcchip-dkr“ да ги открие можностите на возилото.

rek audi 01

Во стандардната варијанта седанот се потпира на 605 КС, а во случајот тјунинг-експертите не се ограничиле само со преработка на софтверот на моторот. Тој добил попродуктивни турбополначи и спортски издувен систем.

Крајниот резултат е всушност импресивен – 798 КС, достапни при 6600 врт/мин, и 927 Нм вртежен момент при 4500 врт/мин.

rek audi 02

По доработката се очекува суперседанот да забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 3,5 секунди и да развива максимална брзина од 320 км/ч. Серискиот „Audi S8 plus“ има потреба од 3,8 секунди за да стигне до 100 км/ч од место, а максималната брзина му е ограничена по електронски пат на 250 км/ч.

Според експертите во тјунингот ова не е лимитот на можностите на овој автомобил. Тие очекуваат наскоро да биде претставена модификација, при што моќноста на моторот ќе надмине 800 КС, а максималниот вртежен момент да биде над 1.000 Нм.

rek audi 03

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП