4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHenkel забележа подобра добивка по штедењето во некои бизниси

Henkel забележа подобра добивка по штедењето во некои бизниси

bilen henkel 33

Германскиот производител на стока за широка потрошувачка, „Henkel“ забележа повисоки резултати од очекувањата на аналитичарите, откако намалувањето на трошоците на бизнисот за производство на прашокот за перење „Persil“ и лепилото „Loctite“ му даваат силен старт на новиот извршен директор Ханс ван Билен, коментира „Ројтерс“.

Приспособениот профит пред каматите и даноците се зголемил за 6,2% до 751 милиони евра во првото тримесечје до крајот на март. Овој профит ја надмина оценката за 731 милиони евра, како и највисоката прогноза во анкетата на „Ројтерс“.

Ван Билен го презеде водството на „Henkel“ на 1-ви мај, наследувајќи го Каспер Рорстед кој се пресели во производителот на спортска стока „Adidas“. Новиот извршен директор е исправен пред предизвикот да ги заздрави маргините во позадината на нестабилните валути и слабеењето на растот во Кина.

Потпирајќи се на побарувачката на козметички производи, како дезодорансот „Fa“ или сапуните „Dial“ на пазари во развој, како Мексико, „Henkel“ ги потврди насоките за стабилен органски раст на продажбата за 2016-та година во опсег помеѓу 2% и 4% во однос на 3% во 2015-та година.

Во првото тримесечје органскиот раст на продажбата е 2,9%. Во американските сметководствени стандарди (GAAP) сепак се покажа дека продажбата се подигнала само за 0,6% до 4,46 милијарди евра, малку пониска од просечната оценка на аналитичарите за 4,49 милијарди евра.

Акциите на „Henkel“ поскапеа за 2% во трговијата пред отворањето на пазарот како дел од индексот „Lang & Schwarz“, додека индексот на „блу чип“ во Германија, „DAX“ забележа раст од 0,5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП