Над 10.800 луѓе пројавиле желба да го купат новиот „Ford GT“, што ја става компанијата-производител во прилично сложена ситуација. Причината е дека Американците ќе пуштат првично само 500 примероци од моделот.
Од компанијата соопштија дека повеќе од половината – 6.506 лица, ги пополниле целосно документите за купување на автомобилот и ја потврдиле својата заинтересираност. Цената на возилото надмина 400.000 американски долари, а втората серија ќе почне да се произведува само во 2018-та година.
Еден од условите што „Ford“ го поставил на потенцијалните клиенти, е возилото да се користи секојдневно, за да може да се гледа по улиците, а не да биде дел од приватна колекција. Секој кој сака да купи „GT“ требаше да испрати во компанијата видео во кое ќе раскаже за начинот на живот и да ги покаже другите автомобили со кои располага.
Избраните среќници ќе бидат утврдени најдоцна до 90 дена по оформување на договорот. Тие ќе можат да избираат меѓу 8 бои на каросеријата, првите купувачи ќе ги добијат своите автомобили на крајот на годината.
Интересно е дека од „Ford“ уште не ги објавиле карактеристиките на овој автомобил. Според првичните податоци „GT“ се потпира на 3.5-литарски турбо „V6“ мотор од семејството „EcoBoost“, чија моќ е во редот на 630 КС.