17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAbarth го обнови својот Fiat 500

Abarth го обнови својот Fiat 500

abafiat 3

Спортската поделба на „Fiat“ – „Abarth“, го обнови моделот 595. Промените се главно на техничкиот дел на возилото, но такви има и за каросеријата.

1,4-литарскиот турбо мотор е достапен во три верзии – стандарден со 145 КС, „Turismo“ со 165 КС и „Competizione“ со 180 КС, а последната забрзува до 100 км/ч за 6,7 секунди.

Покрај додадените коњски сили, од „Abarth“ веќе нудат и механички диференцијал со ограничено лизгање. 5-брзинскиот мануелен менувач пак е сериски за сите верзии.

Во кабината на „Abarth 595“ исто така има промени. Поголемите отвори за ладење обезбедуваат 18% повеќе воздух, тркалата се полесни за 7%, а во задниот дел на возилото е монтиран дифузер.

„Abarth“ не го пропушти и ентериерот. Седиштата нуди подобра странична потпора, додаден е инфо-забавен систем со 5-инчен екран. Дополнителни функции, кои може да се нарачаат се поголем екран и дополнително користење на јаглеродни влакна.

Боите во кои обновениот „595“ ќе се нуди се жолта, црвена и бела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП