26 јуни, 2025
ПочетнаКУЛТУРАПознати првите финалисти за Евросонг

Познати првите финалисти за Евросонг

lil

Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта се земјите чии евровизиски претставници влегоа во финалето на Евросонг, од првата полуфинална вечер, која во вторник вечер, се одржа во „Глобен“ арената во Стокхолм, Шведска.

Босна и Хереговина, Црна Гора, Грција, Сан Марино, Естонија, и Исланд не успеаја да влезат во финалето.

Во ноќта исполнета со гламур, 18 земји зедоа учество во првото полуфинале, во вторник вечер, а а со комбинирано гласање од национално жири од земјите учеснички и телевоутинг, се добија првите учесници во финалето.

Шведска, Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија се постојани учеснички во финалето и не учествуваат во полуфиналните вечери.

Македонската претставничка Калиопи ќе настапи на второто полуфинале во четврток со песната „Дона“ и ќе пее на македонски јазик. Од соседните земји, со Калиопи истата вечер се натпреваруваат Србија, Албанија и Бугарија. Финалната вечер е во сабота.

Домаќини на финалето се ланскиот победник на Евровизија, Манс Земерлов и неговата колешка Петра Меде, кое ќе се пренесува во живо од арената „Глобен“ во Стокхолм, каде ќе настапат 26 претсатвници.

Според обложувалниците, шансите за победа се најголеми за Русија и Украина, чиј дуел има и реална политичка позадина, по конфликтот настанат по анексијата на Крим во 2014 година.

Огнот меѓу нив може да се засили и ако се знае дека украинската претставничка Сусана Јамаладинова ќе ја отпее песната „10944“, која се однесува на протерувањето на Татарите од Крим од страна на Сталин.

Друг фаворит е и францускиот израелец, Амир Хадад, кој ја претставува Франција со ‘J’ai cherché’.

Шармантниот 31-годишен забар, поточно стоматолошки хирург, се обидува да ги шармира другите нации да гласаат за него, а во дел од песната тој пее и на англиски.

Ако победи, ќе биде првиот француски претставник кој победил во речиси 40 години.

Високо котира и холанѓанецот Доув Боб, кој настапи на првото полуфинале.

И шведскиот претставник Франс Јепсон Вал, може да изненади, со неговата песна ‘If I were Sorry’, ако се знае дека на неговата турнеа низ Европа претходно имаше голема поддршка, особено има многу фанови во Велика Британија, од каде потекнува неговиот татко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар