13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen започна co производството на конкурентот на Toyota Highlander

Volkswagen започна co производството на конкурентот на Toyota Highlander

volfab 333

Во фабриката на „Volkswagen“ во американскиот град Чатануга, Тенеси, беше составена првата каросерија на целосно новиот кросовер на брендот со седум седишта. Тест примерокот ќе биде искористен за поставувања и други испитувања, а самото производство на моделот ќе стартува до крајот на годината.

Засега од германскиот производител не откриваат како ќе се вика новиот автомобил, а го нарекуваат само „Midsize SUV“ (средноразмерен кросовер). Сепак се знае се дека теренецот е изграден на продолжената модуларна платформа „MQB“, а ќе добие 4 и 6 цилиндраски турбомотор.

Изгледот на автомобилот ќе биде во стилот на концептот „Volkswagen CrossBlue“ кој беше претставен пред публиката на автосаемот во Детроит во 2013-та година. Во оваа пролет во САД неколку пати беа видени делумно камуфлирани прототипови на новиот модел.

Предвидено е кросоверот со 3 реда седишта да се појави на пазарот во САД во почетокот на 2017-та година. Целта е моделот успешно да се натпреварува со „Toyota Highlander“ и „Nissan Pathfinder“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП