23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗДРАВЈЕ + ги задвижи скопските маратонци

ЗДРАВЈЕ + ги задвижи скопските маратонци

jk

Со специјален камп Здравје во твои раце, на Плоштадот Македонија, фукнкционалниот јогурт Здравје + денес се приклучи на традиционалниот Скопски маратон.

Под слоганот Јогурт кој те раздвижува, Здравје + на крајот од трката ги освежи сита маратонци но и сите останати граѓани кои им даваа поддршка на учесниците.

Рекордни над 8.000 учесници кои го газеа скопскиот асфалт и сигурно уште толку поддржувачи на најмасовната спортска манифестација имаа прилика да го дегустираат функционалниот јогурт Здравје +, но и да слушнат колку е важно за сите, покрај редовната физичка и спортска активност да внимаваат на храната што ја внесуваат во својот организам.

kcc

Токму функционалниот јогурт Здравје +, го забрзува метаболизмот, го раздвижува дигестивниот систем дава енергија грижејќи се подеднакво за виталноста и хармонијата на секој од нас.

Функционалниот јогурт Здравје + се препорачува особено кај лицата кои практикуваат физички активен живот, кои внимаваат на своето тело и се во постојано движење. Токму затоа од оваа година Здравје + е и поддржувач а традиционалиот Скопски маратон

– Скопскиот маратон е уште една наша активност во низата настани на кампањата Здравје во твои раце. Во Млекара Здравје Радово сме посебно среќни и задоволни што можеме со нашите консументи да се дружиме и да разменуваме идеи и впечатоци на вакви спортски случувања. На децата од ранливите категории во текот на минатата година заедно со групата На точак им поделивме бесплатни велосипеди, за да можат уште од најмали нозе да научат колку е важен здравиот начин на живот. Денес на Скопскиот маратон повторно укажавме на фактот дека и исхраната покрај редовната физичка активност влијае на организмот. Овој месец Здравје + ќе биде дел од уште две спортски активности, Прв до врв и Мариово офф
роад, каде што како општествено одговорна компанија ќе ги поддржиме и овие две одлични спортски манифестации – изјави
Милка Исјановска, маркетинг директор на Млекара Здравје Радово

kbb

Функционалниот јогурт Здравје +, е само еден од многуте квалитетни производи на Млекара Здравје Радово, кои како што истакнуваат од компанијата се направени од внимателно одбрано и 100% домашно млеко од Македонија…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП