1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да препознаете дали вашето тело е дехидрирано?

Како да препознаете дали вашето тело е дехидрирано?

Close up of smiling woman drinking water

Често се случува многумина да не ни знаат дека се дехидрирани, бидејќи тие не чувствуваат жед, но постојат видливи знаци кои укажуваат на тоа.

Ова се трите најчести знаци дека сте дехидрирани:

Главоболка

Вашето тело константно губи течност, што значи дека со тоа губи и есенцијални соли кои се одговорни за крвната слика. Што повеќе губите течности, толку повеќе крвниот притисок паѓа и доведува до помалку кислород во мозокот, а тоа резултира со главоболка.

Урината е многу жолта

Доколку вашата урина има интензивно жолта боја, значи дека концентрацијата на соли е поголема од нормалната, и дека организмот не може добро да се исчисти и дека се собираат токсини. Ако вашата урина е проѕирна, тоа значи дека внесувате премногу течности – па затоа држете ја средината.

Често имате запек

Водата помага во испирањето на цревата и нивното ефикасно чистење. Ако во организмот нема доволно вода, храната потешко ќе се движи и подолго ќе се задржува во цревата. Резултатот од тоа е надуеност и непријатна тврда столица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП