2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДенес се гаси The New Day, весникот кој излегува од февруари

Денес се гаси The New Day, весникот кој излегува од февруари

the-new-day-880866

The New Day, првиот национален дневен весник во Велика Британија кој почна да излегува по триесет години чии издавачи имаа желба да докажат дека печатените медиуми можат да опстанат во интернетската ера, во петок ќе биде згаснат поради слабата поддршка, извести во четвртокот издавачката куќа „Trinity Mirror“ кога го покрена.

„И покрај бројните позитивни критики, продажбата на весникот беше под очекуваното. Поради тоа, одлучивме да го згаснеме The New Day на 6-ти мај 2016 година“, се наведува во соопштението на дека „Trinity Mirror“ објавено на интернет страницата на издавачката куќа којашто го издава и своето главно издание весникот The Daily Mirrror.

И покрај големиот пад на тиражите на печатените весници, поради што и The Independent во февруари објави дека од 26-ти март минува исклучиво на електронско издание, уредништвото на новиот весник веруваше дека токму неговиот печатен формат ќе му овозможи да опстане,

Весникот The New Day, кој се печатеше на 40 страници, беше наменет за читателите на возраст од 35 до 55 години, „за жените и мажите коишто бараа нешто нови и поинакво“, и чинеше само половина фунта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП