19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРасте нето-добивката на Huawei

Расте нето-добивката на Huawei

hauwei18e_2x

Кинеската компанија „Huawei“ во 2012-та година имала приход од 27 милијарди евра, додека нето-добивката изнесувала 1.8 милијарди евра.

Во годинешниот извештај за компанијата се предвидува дека во наредните пет години стапката на раст ќе изнесува 10 проценти повеќе на годишно ниво. „Huawei“ оствари силен раст во сите три работни области, па така „Carrier Network“ ја задржа водечката позиција со 19.7 милијарди приходи од продажба, што е зголемено за 6.7 проценти во однос на претходната година.

Работната група „Enterprise“ исто така продолжи со раст на кинескиот пазар, но забележа и проширување на меѓународно ниво, а приходите изнесуваа 1.42 милијарди евра, односно раст од 25.8 проценти. Делот кој се однесува на потрошувачите забележа глобален приход од продажбата од 5.9 милијарди евра, што е зголемување од 8.4 проценти во однос на минатата година.

Компанијата дел од приходите ќе ги пренасочи кон истражувањата и развојот, а тие моментално имаат 16 истражувачки и развојни центри и 28 заеднички иновациони центри во целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП