
Денес, во 21 часот, во киното „Милениум“ во Скопје, ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм „Еклер” во режија на Марко Ѓоковиќ.


Денес, во 21 часот, во киното „Милениум“ во Скопје, ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм „Еклер” во режија на Марко Ѓоковиќ.
Филмот „Еклер” е приказна за синот на куварката во Маршаловата вила, кој после десет години, за прв пат, добива шанса да ја проба храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја пипне.
Во филмот играат: Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Звезда Ангеловска, Игор Ангелов, Борис Дамовски, Горан Трифуновски, Сара Климоска и Емил Костовски.
Авторскиот дел од екипата го сочинуваат: Александар Крстевски – директор на фотографија, Иван Бартлинг – сценограф, Емилија Ивановска Атанасовска – костимограф, Симона Ристевска – шминкер, Горан Вуќиќ – монтажер, Игор Поповски – дизајнер на звук и Огнен Атанасовски – композитор. Продуценти на „ЕКЛЕР” се Дејан Крајчевски, Марија Димитрова и Емилија Чочкова.
„Еклер” е во продукција на Фрагмент Филм, а копродуценти на филмот се Круг Филм, Вертиго Визуал и Аудио Хаус од Македонија и Кубе Студио од Албанија. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.
Од четврток, филмот „Еклер” ќе се прикажува на редовен репертоар во кино Милениум.