25 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата Lyoness го прослави својот 5-ти роденден

Компанијата Lyoness го прослави својот 5-ти роденден

13151638_1097758050288811_5166137584470101500_n

Компанијата Lyoness прослави 5 години од своето постоење во Македонија. Lyoness за прв пат се појави во Македонија во март 2011 година и од тогаш па сѐ до денес Lyoness на вистински начин се грижи за своите корисници со можноста за изградба на глобална куповна заедница, како и можноста за заработка од секое поединечно направено купување кај големиот број на нивни трговски партнери.

На прославата на 5-от роденден на Lyoness Македонија која се одржа на 28-ми април во Brick Bar со почеток во 20:30 часот беа присутни голем дел од нивните трговски партнери и членовите, а директорот на Lyoness Македонија, Радован Витошевиќ ја нагласи синергијата која владее во заедницата.

13133358_1097760806955202_1822932895858361626_n

“Горди сме што за 5 години успеавме да воведеме стандарди и да придобиеме голем број на членови, како и трговски партнери. Посветеноста кон секој од нив нѐ прави навистина успешни и знаеме дека нема да застанеме тука.” – изјави господинот Витошевиќ.

Во овој период од 5 години заедницата на Lyoness достигна бројка од повеќе од 105.000 задоволни членови и повеќе од 500 лојални трговски партнери. На годишно ниво во Lyoness Македонија се регистрираат повеќе од 25.000 нови членови, а за сиот овој успех говори и последната 2015 година во која 140 нови Трговски Партнери се приклучија кон Lyoness Македонија.

13118832_1097769136954369_4985338448679544779_n

Седиштето на Lyoness Македонија се наоѓа во Скопје, на бул. 8-ми Септември 16/1 во Бизнис Центар Хипериум, 2-ри кат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП