13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕксплодира профитот на Fiat, потврдена целта за 2017

Експлодира профитот на Fiat, потврдена целта за 2017

fca0000kfkkf

Заработката на компанијата „Fiat Chrysler Automobiles – FCA“ порасна во првиот квартал благодарение на силните деловни резултати во Северна Америка.

Во првите три месеци од тековната година, оваа италијанско-американска автомобилска компанија забележа нето профит од 478 милиони евра, што е значително повеќе во однос на добивката од 27 милиони евра од истиот период минатата година, пренесува агенцијата АП.

Оваа компанија, која настана со спојувањето на „Fiat“ и „Chrysler“ во 2014 година, ги потврди и целите за тековната година во која очекува нето профит од 1,9 милијарди евра и приходите од 110 милијарди евра.

Заработката на „FCA“ во Северна Америка, пред оданочувањето и каматата, е двојно зголемена на 1,2 милијарди евра благодарение на повисоките приходи и помалите трошоци.

Во Европа, заработката на „FCA“ се зголемила за речиси четири пати, на 96 милиони евра, наведува американската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП