4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПадот на продажбата го намали профитот на Novartis

Падот на продажбата го намали профитот на Novartis

novartis

Нето профитот на швајцарската фармацевтска компанија „Novartis“ падна за 13 проценти во првиот квартал, откако нејзиниот најпродаван лек „glivek“, кој се користи за лекување на рак, се соочи со силната конкуренција во вид на генерички лекови во САД.

Нето профитот на компанијата со седиште во Базел е намален на 2,01 милијарди долари од 2,31 милијарди долари од истиот период минатата година, додека продажбата е опадната за три проценти, на 11,6 милијарди долари, пренесува агенцијата АП.

Продажбата на лекот „glivek“ е намалена за 22 проценти, окако во февруари ја загуби патeнтната заштита во САД, што ја отвори вратата за генеричките верзии на тој производ.

По овие вести, акциите на „Novartis“ паднаа за 0,7 проценти, на 74,55 франци пред официјалното отворање на берзата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП