24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel отпушта 12.000 работници

Intel отпушта 12.000 работници

intelos

Опадна продажбата на компјутери, а со отказите компанијата има намера да заштеди 750 милиони долари.

„Intel“ во средата го најави планот за намалување на бројот на работници за 12.000 на глобално ниво, што изнесува околу 11 проценти од неговата вкупна работна сила, пренесува TheNextWeb.

Отказите се дел од новиот план на „Intel“ за фокусирање на подрачјата со висок раст, првенствено на дата центрите и интернет бизнисот.

Овие две гранки во претходната година донеле заработка од 2,2 милијарди американски долари, што изнесува околу 40 проценти од вкупната заработка на компанијата.

Уште една од клучните причини за реструктуирање на компанијата е и падот на продажбата на компјутерите. Доставата на компјутери е намалена за осум проценти во претходната година.

Иако повеќето од 12.000 вработени ќе бидат известени за отказите во следните два месеци, некои намалувања ќе бидат реализирани дури на средината на 2017 година.

Компанијата се надева дека на овој начин ќе заштеди околу 750 милиони долари во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП