21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBrabus G700: Кога AMG ознаката не е доволна (фото)

Brabus G700: Кога AMG ознаката не е доволна (фото)

g700 00

Работилницата „Brabus“ претстави нова верзија на теренецот „Mercedes-AMG G63“, кој е дел од новата линија на германската марка под името „Crazy Color“. Кај неа сите автомобили се разликуваат по нестандардните бои, па така оваа е жолта – „Solar Beam“.

g700 01

Модификација се наркува „Brabus 700“, бидејќи експертите од компанијата успеале да ја зголемат моќноста на 5.5-литарскиот V8 мотор на теренецот од 571 на 700 КС. Максималниот вртежен момент е зголемен од 760 на 960 Нм, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 4,9 секунди.

g700 04

Тоа е за 0,5 секунди побрзо од сериската варијанта на моделот. Ограничувачот на брзината е преместен од 210 на 240 км.

g700 02

Автомобилот има добиено и помоќни сопирачки механизми, различен издувен систем и дополнителни елементи, меѓу кои спојлер на покривот и проширени прагови. Сите тие се обединети под името „Widestar“. Покрај тоа кросоверот е опремен со 23-инчни бандажи и дополнителни „LED“ фарови на предниот браник.

g700 03

Во ентериерот специјалната верзија се разликува од серискиот модел по жолтите елементи со црна алкантара, како и спортските педали, чија конструкција е изработена од алуминиум. На праговите се појавиле блескави елементи кои се типични за „Brabus“, а на потпирачите за глава е извезано името на моделот, чија цена засега се чува во тајност.

g700 05

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП