1 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаркионе очекува раст на продажбата

Маркионе очекува раст на продажбата

markione

Извршниот директор на групацијата Фиат-Крајслер, Серџио Маркионе во 2013-та година очекува продажба помеѓу од 4.3 до 4.5 милиони автомобили. Тоа е нешто повеќе од минатогодишното ниво на продажба на оваа групација.

Маркионе денеска им рекол на акционерите дека неговата компанија очекува раст на продажбата во САД, Латинска Америка и Азија, а додека за европскиот континент прогнозира повторен пад.

Фиат и Крајслер заедно продадоа нешто повеќе од 4.2 милиони возила во 2012-та година, а благодарејќи на овие резултати групацијата стана седмиот светски најголем производител на автомобили.

Тој порача дека половина од продажбата во оваа година ќе биде остварена во Северна Америка, додека Латинска Америка и Европа заедно ќе допринесат со околу еден милион автомобили.

Според неговите зборови продажбата во Азија во 2013-та година ќе биде дуплирана. Маркионе исто така ги потврди прогнозите за профитот во оваа година, а тие се движат од 1.2 до 1.5 милијарди евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП