5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија предупредена, Словенија нема да игра на ЕП

Македонија предупредена, Словенија нема да игра на ЕП

fiba500

Кошаркарската репрезентација на Словенија нема да игра на Европското првенство во 2017 година, а ФИБА на Македонија и уште 13 други селекции добија предупредување дека и тие можат да бидат суспендирани од настапот на континенталното првенство.

Предупредување покрај Македонија добиле и останатите земји од регионот, но и Шпанија, Италија, Турција, Израел, Русија, Грција, Полска, Литванија.

ФИБА оваа одлука ја донесе поради решителноста на националните Федерации, клубовите од нивните држави да учествуваат во Еврокупот. Наведените Федерации имаат шанса да ги суспендираат клубовите и со тоа да избегнат суспензија.

Кошаркарскиот сојуз на Словенија добил писмо потпишано од извршниот директор на ФИБА, Камил Новак, во кое се вели дека бидејќи Сојузот ги поддржал клубовите да играат во Еврокупот, репрезентацијата нема да учествува на ЕП.

Одлуката може да биде укината само доколку до 20-ти април, Словенците достават документи со кои ќе докажат дека не ги поддржуваат одлуките на клубовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП