14 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen праќа легендарен модел во историјата

Volkswagen праќа легендарен модел во историјата

 

bitle 44

Компанијата „Volkswagen“ одлучи да престане со производство еден од легендарните модели – „Beetle“. Последниот таков автомобил ќе слезе од производствената лента во 2018-та година, а негов наследник не се предвидува, пишува весникот „Road & Track“.

Според информации до ваквиот чекор дошло поради намалената продажба на „Beetle“, како и поради потребата од заштеда на средства поради скандалот со манипулациите со дизел мотори на концернот. Во „Volkswagen“ планираат да се фокусираат на производство на теренци и кросовери поради се поголемата популарност на ваквиот вид возила. Од раководството на компанијата, сепак не сакаа да ја потврдат или негираат оваа информација.

bitle 45

Обновената „Буба“, како исто така е познат модел, и се произведува од 1998-ма година. Минатата година беше пуштена верзијата „Dune“, опремена со напредни браници, променет дизајн и зголемена суспензија со 10 мм. Во Европа таа доаѓа со дизел мотори со зафатнина од 1,6 и 2,0 литри, кои имаат моќност од 110 и 150 КС.

Бензинските опции се 1,2 TSI со 105 КС, 1,4 TSI со 160 КС и 2,0 TSI со 220 КС. Сите тие се достапни и за стандардниот „VW Beetle“, но и покрај тоа продажбата на моделот на сите пазари оди надолу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП