
Денеска во 20 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп, ќе биде отворена изложбата ,,Портретни сеќавања,, од Јана Манева Чупоска.


Денеска во 20 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп, ќе биде отворена изложбата ,,Портретни сеќавања,, од Јана Манева Чупоска.
Уметницата Јана Манева – Чупоска родена е во Скопје, а дипломира сликарство на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на проф. Симон Шемов.
Назначена е за декан на Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ, Скопје.
Има организирано повеќе самостојно изложби, а учествувала и на бројни групни изложби.
Како ликовен уметник, Јана Манева-Чупоска постојано, систематично и со забележителен успех изненадува со своите дела, било тоа да се надоврзувања од нејзините претходни творечки фази, или пак да се почеток на нова етапа, каков што е случајот со најновата нејзина изложба насловена како „Портретирани сеќавања“.
Портретот, или тој визуелен запис со човечки лик, обврзува на веродостојно прикажување на нашите (човечки) состојби и мигови. Сеќавањата пак, или, со други зборови – акумулираната човечка меморија почиваат на фрагментирани алузии, пориви, емоции, аудиовизуелни мембрани и рефлексии.