16 мај, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕОвошјето во оваа форма е исклучително штетно

Овошјето во оваа форма е исклучително штетно

89225808_o

Конзервираното овошје може да биде многу штетно. Додека две до три порции од сувото и свежото овошје се поврзани со намалениот ризик од смрт од било која причина за 10 проценти, конзумацијата на конзервирано и смрзнато овошје го зголемува ризикот од смрт за 17 проценти, велат научниците.

Научниците дошле до овој заклучок од навиките за јадење на 65 илјади возрасни лица во Велика Британија кои биле следени во текот на седум години, додека траело истражувањето. Испитаниците известувале за своите навики во исхраната по пат на анкета.

Тешко е да се одреди дали ризикот се зголемува од конзумацијата на конзервирано или замрзнато овошје, или едноставно од недостатокот на свежа алтернатива. Смрзнатото и конзервираното овошје е ставено во ист кош, бидејќи според анализите на научниците, нивното штетно дејство е еднакво.

Познато е дека конзервираното овошје „плива“ во концентрат од фруктозен сируп, а претходните истражувања големото количество на фруктоза го поврзаа со високиот крвен притисок, холестеролот, дебелината, отпорноста на инсулин и уште многу други.

Смрзнатото овошје, од друга страна, според хранливите материи би требало да биде во ранг со свежото овошје. Се додека нема дополнителни додатоци од шеќер и конзерванси, смрзнатото овошје би требало да биде здраво или барем безопасно, вели еден од научниците, но тој потенцира дека замрзнатото овошје не е безопасно бидејќи не се знае дали производителите и фабриките го вршат процесот на замрзнување непосредно по бербата, дали го цедат неговиот квалитетен сок и на кој начин го преработуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП