5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMini подготвува изненадување - пушта седан

Mini подготвува изненадување – пушта седан

MINI Countryman (07/2010)

„Mini“ подготвува изненадување за своите фанови. Тоа ќе биде компактен седан, чиј развој во моментот оди со забрзано темпо. Се очекува конечната одлука на шефовите на „BMW“, чија сопственост е брендот, да биде донесена наскоро, објави „Autocar“.

Според информациите новиот модел ќе се вика „Riley“ или „Triumph“ – овие две имиња припаѓаат на баварскиот производител. Седанот ќе биде изграден на платформата со преден погон „UKL“ која е во основата на последните модели на „Mini“ и на автомобилите „BMW“ со преден погон.

Автомобилот ќе треба да го демонстрира новиот бизнис стил на британскиот производител, кој треба да биде наметнат кај моделите на марката. Се очекува растојанието помеѓу двете оски кај седанот да достигне 2760 мм, а должината 4300 мм.

sedan mini99

Слични се и димензиите на караванот „Mini Clubman“, од што ќе бидат позајмени моторите на новиот модел. Тоа ќе бидат 3 и 4-цилиндрични бензински и дизел турбо мотори.

Ако идејата за претставување на седан на пазарот се оствари, тогаш во „Mini“ ќе се откажат од своите намери да предложат сериски роудстер, изграден врз основа на концептот „Superlegger Vision“ од 2014-та година.

Во компанијата размислуваат дека модел со 4 врати ќе донесе далеку поголеми приходи од роудстер, а главните пазари за сличен автомобил ќе бидат Северна Америка и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП