17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИталијанци подготвуваат ривал на LaFerrari

Италијанци подготвуваат ривал на LaFerrari

mazanti 33

Италијанската компанија „Mazzanti Automobili“ објави порака преку која најави нов суперавтомобил кој треба да се претвори во „најекстремното возило кое некогаш појавило на јавните патишта“.

Како што пишува весникот „Autocar“, машината ќе го добие името „EV-R“ и ќе биде претставен официјално пред публика на автосаемот во Торино, кој почнува на 8-ми јуни. Креаторите на автомобилот се категорични дека тој ќе може да конкурира на хибридниот „LaFerrari“, кој што располага со моќност од 950 КС.

Новиот суперавтомобил ќе биде произведен во ограничен тираж кој нема да ја надмине бројката од 10 примероци. Сите технички карактеристики на „EV-R“ засега се чуваат во тајност, но се знае дека тој ќе добие хибриден агрегат, кој се состои од бензински мотор и два електромотори.

mazanti 34

Во моментов „Mazzanti“ нуди само еден свој модел. Тоа е „Evantra“ (на долните 2 слики), кој е опремен со атмосферски „V8“ мотор со зафатнина од 7,0 литри. Моќноста на моторот е 751 КС, што овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 3 секунди и развивање на максимална брзина од 350 км/ч.

Моторот е целосно од алуминиум, а вртежниот момент се пренесува на задната оска преку 6-степен автоматски менувач развиена од компанијата за пренос „Sila“. Тежината на спортскиот автомобил е 1.300 килограми.

mazanti 35

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП