20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba го оствари најголемото стекнување во странство

Alibaba го оствари најголемото стекнување во странство

alibaba

„Alibaba Group Holding“ ја прави најголемата инвестиција во странство, склучува договор за преземање на контролата на „Lazada Group“ со седиште во Сингапур. Овој потег го насочува кинескиот гигант во електронска трговија на пазарот во Југоисточна Азија и поблиску до остварување на целта да биде помалку зависна од внатрешниот пазар, пишува „Bloomberg“.

„Alibaba“ ќе плати 500 милиони долари за нови акции во компанијата и ќе купи еднакви удели од инвеститорите во неа, објави кинеската компанија во соопштението. Меѓу наведените инвеститори се рангира германската „Rocket Internet“, британскиот синџир супермаркети „Tesco“ и „Investment AB Kinnevik“.

Милијардерот и претседател на „Alibaba“ Џек Ма има поставено за цел барем половина од приходите на компанијата да доаѓаат од странски пазари, а договорот со „Lazada“ додава нови можности за продажба на облека и електроника во шест пазари во Југоисточна Азија.

Иако „Alibaba“ успеа да постигне доминација на внатрешниот пазар на електронска трговија, таа продолжува да е премногу зависна од Кина, како главен двигател на нејзиниот бизнис. Новата зделка изгледа како девијација од досегашниот органски раст на „Alibaba“ во регионот и насочување кон нови територии, тврди Саемин Ен, управен партнер во „Rakuten Ventures“.

Иако ова е најголемата зделка во странство на „Alibaba“ до моментов гигантот веќе правел неколку големи превземања. Во 2015-та година таа ја презеде целосната контрола над кинескиот сервис за видео записи „Youku Tudou“, плаќајќи 5 милијарди долари.

Новата зделка ја проценува „Lazada“ на 1,5 милијарди долари, објави „Rocket“ во одделна изјава. Таа продава 9,1% удел во „Lazada“ и задржува други 8,8% за себе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП