6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen се откажа од проектот Tiguan R

Volkswagen се откажа од проектот Tiguan R

rtiguan 33

Германската марка „Volkswagen“ се откажала од својата намера да пушти на пазарот „набилдана“ верзија на новата генерација на кросоверот „Tiguan“ кој треба да го добие додаток „R“, соопшти „CarAdvice“, повикувајќи се на свои извори.

Според информациите правењето на ваков автомобил била земена од шефовите на брендот, но на крајот е одлучено дека од него нема потреба. Се очекуваше во 2018-та година на пазарот да се појави модификација „Tiguan Coupe R“, која ќе се натпреварува со „Audi RS Q3“ и „Mercedes-AMG GLA 45“.

Сличен автомобил требаше да биде опремен со 2,0-литарски бензински турбо мотор со 300 КС и 370 Нм, кој да биде комбиниран со систем за погон на сите четири тркала. Аналогно моќта на агрегат се наоѓа на последната генерација на „VW Golf R“.

Во „Volkswagen“ сепак одлучиле да тргнат по нов пат, така што „Tiguan“ ќе биде одделен во ново семејство на модели. Така во 2017-та година кон сегашниот стандарден кросовер ќе се приклучи продолжена верзија со 3 реда седишта. А една година подоцна ќе излезе и модификација „крос-купе“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП