КУЛТУРА

Словенечкиот режисер Томаж Пандур почина за време на проба во МНТ

tomaz

Еден од водечките европски режисери, Словенецот Томаж Пандур(52), во вторник почина ненадејноз а време на проба во македонскиот народен театар(МНТ), каде што започнаа пробите за претставата “Крал Лир” од Шекспир.

Режисерот познат по исклучителната естетика и провокативни и богати претстави, се пресели од Марибор во Мадрид, но работи низ цела Европа.

Во Скопје дојде по турнејата со словенечката претстава “Фауст” низ Јужна Америка.