4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCепак ќе има наследник на Lexus LFA

Cепак ќе има наследник на Lexus LFA

lfa con

„Lexus“ работи на ново купе, кое ќе стане наследник на моделот „LFA“. Досега се тврдеше дека Јапонците немаат намера да пуштаат сличен автомобил, но според весникот „Response“ неговиот развој оди со интензивно темпо.

На почетокот на годината, шефот на европската поделба на „Lexus“ – Ален Ютенховен, објави дека во неговата компанија не планираат создавање на нова генерација на „LFA“. Последните информации, сепак го покажуваат спротивното, а се наведува дури рокот за неговата појава пред публика во 2019-та година.

Според информациите на весникот новата суперавтомобил нема да има ништо заедничко со автомобилот, создаден од Харухико Танахаши. Оригиналниот „LFA“ е опремен со 4,8-литарски V10 со 560 КС, кој во најекстремната верзија – „Nurburgring Package“, се потпира на 570 КС.

Новиот автомобил ќе биде со хибриден погон. Во основата на агрегатот ќе биде 3,7-литарски V8 мотор. Вкупната моќност на системот ќе надминува 800 КС. Горе-долу толку ќе се нуди и следната генерација на „Nissan GT-R“, кој исто така ќе биде хибрид.

За разлика од моделот на „Nissan“, сепак примерокот на „Lexus“ повторно ќе биде многу скапо и ќе излезе во ограничен тираж. Оригиналниот „LFA“ беше произведен во серија од 500 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП