
Млекара Здравје Радово продолжува со активностите…


Млекара Здравје Радово продолжува со активностите…
Млекара Здравје Радово во рамките на својата кампања Здравје во твои раце, од оваа година ќе биде пријател на традиционалниот Скопски маратон. Како општествено одговорна компанија, која и до сега ги поддржуваше најголемите случувања кај нас, со особена гордост влегува во поддршка на најмасовната манифестација кај нас Скопскиот маратон

Поддршката на Скопскиот маратон, ќе биде промовирана веќе во недела на 10 април со почеток во 10.00 часот, во Градскиот парк кога стартува Женската трка. Податокот дека жените имаат многу повеќе обврски а се помалку време за себе, време за вежбање, го зголемува ризикот од разни заболувања. Низ годините, Скопскиот маратон успеа бројот на жени да го зголеми и оваа година очекува околу 800-1.000 жени да учествуваат во најпозитивната трка во Скопје. Од 2016 година, Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација. Од компанијата ве канат на Школка на спортско трчање и дружење со функционалниот јогурт Здравје +
