23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Lincoln Continental станува бестселер (видео)

Новиот Lincoln Continental станува бестселер (видео)

linki 333

Времињата во кои автомобилите на „Lincoln“ достигнуваа годишна продажба од над 200.000 примероци, одамна поминаа. Во последните години средното достигнување на компанијата, која е филијала на „Ford“, беше околу 80.000 единици.

Овој тренд, сепак е на пат да се промени благодарение на новиот „Lincoln Continental“, објави „Automotive News“, цитирајќи го генералниот директор на брендот Мет ван Дајк. Според неговите зборови луксузниот седан добива се поголема популарност, иако се уште неговото производство не е започнато.

„Луѓето не „бомбардираа“ со прашања за возилото, а во овој моментот имаме добиено повеќе од 40.000 нарачки за него. А тоа не е воопшто малку, сепак зборуваме за машина од премиум сегментот“, објасни Мет ван Дајк.

Минатата година продажбата на „Lincoln“ за прв пат по 6 години ја надмина границата од 100.000 примероци. Очекувањата се овој резултат да биде значително подобрен со помош на новиот „Continental“. Во САД луѓето доживуваат сериозна слабост кон моделот, чија прва верзија излезе уште во 1939-та година.

Новата генерација на седанот беше претставена на саемот во Детроит во почетокот на годината. Моделот е опремен со 3.0-литарски бензински мотор со 2 турбини и систем за погон на четири тркала. Продажбата на „Continental“ ќе стартуваат во текот на есента, а се очекува цените да почнуваат од околу 50.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП