10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo ги покажа најбрзите S60 и V60 во историјата (фото+видео)

Volvo ги покажа најбрзите S60 и V60 во историјата (фото+видео)

polestar 00

„Volvo“ ги претстави обновените „надуени“ верзии на моделите „S60“ и „V60“, доработени со помош на „Polestar“. Според претставник на скандинавскиот производител тоа се најмоќните и најбрзите сериски верзии во историјата на двата модела.

polestar 01

Седанот и караванот добиле нов 2,0-литарски бензински турбо мотор од семејството „Drive-E“, кој го заменува досегашниот 3.0-литарски мотор со 6 цилиндри. Моќноста на агрегатот е 367 КС и 470 Нм вртежен момент, што е за 17 КС и 30 Нм повеќе од претходната варијанта на моделот.

polestar 02

Новиот мотор е опремен со поголема турбина со дополнителен компресор, а исто така и со нова оска со брегови и променет систем за вбризгување на горивото. Обновените „S60“ и „V60“ добиле исто така систем за погон на четири тркала, дело на компанијата „Borg Warner“, како и 8-брзински автоматски менувач.

polestar 03

Благодарение на поставувањето на новите агрегати, тежината на седанот и караванот е намалена за 20 кг. односно до 1751 и 1796 кг. Така двете машини ќе можат да забрзуваат од 0 до 100 км/ч за 4,7 секунди, што е за 0,2 секунди побрзо од претходната верзија на моделот. Максималната брзина е ограничена на 250 км/ч.

polestar 04

Автомобилите исто така добиле надоградби на механизмите за сопирање, преработен систем за управување, а исто така и нови 20-инчни тркала од лесна легура.

polestar 05

Од „Polestar“ тврдат дека уште оваа година земјите во кои ќе се нудат доработените модели на „Volvo“ од нивна страна, ќе се зголемат од 13 на 47. Швеѓаните планираат да ја зголемат продажбата на такви возила од 750 на 1.500 годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП