18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ2438 КС под капакот на „GT-R“ (видео)

2438 КС под капакот на „GT-R“ (видео)

t1race 33

Ако сте останале импресионирани од бруталниот „Lamborghini Huracan“ на „Underground Racing“, погледнете на што е способен овој „Nissan GT-R“. Автомобилот е дело на „T1 Race Development“ кои го претворија во најбрз „GT-R“ на планетата.

Прецизната преработка и дозволила на тјунинг компанија да ги извлече импресивните 2438 КС од моторот на „GT-R“. Вртежниот момент се доближува до 2000 Нм.

Интересен факт е дека јапонскиот автомобил го користи оригиналниот блок на моторот, а голем дел од новите компоненти се сопствено производство на „T1 Race Development“.

Автомобилот е создаден со идејата да поставува рекорди, велат тјунерите. И тој го прави токму тоа. Моделот постигнува брзина од 378 км/час на делницата од половина милја, што е светски рекорд.

Подеднакво импресивно е и постигнувањето на 1/4 милја – неверојатни 7,3 секунди, а брзината на крајот изнесува 314 км/час. Најдоброто достигнување досега беше на „Alpha Omega GT-R“, кој постигна време од 7,4 секунди.

А најверојатно интересно околу овој „GT-R“ со 2438 КС под капакот е дека може да се користи како секојдневно возило. Да, автомобилот има дозвола за движење на јавните патишта.

Од „T1 Race Development“ велат дека ја користат базата на „GT-R“ за дури похрабра преработка, која ќе ја претстават во најскоро време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП