Вардар ќе му се спротивстави на Веспрем во СЕХА финалето, откако во второто полуфинале на завршниот турнир во Вараждин, славеше над ППД Загреб 26:24 (12:10). Полуфиналето кои донесе голема борба на двата тима, го обележа катастрфалното арбитража на словачките судии.
Вардар, во Вараждин покажа карактер, па ниту катастрофалната арбитража на словачката двојка и притисокот од клупата на Загреб во последната минута и заслужено го совлада хрватскиот шампион.
Тимот на Раул Гонзалес, в недела, против Веспрем ќе се бори за својата трета титула во СЕХА конкуренцијата, откако претходно беше најдобар во 2012 и 2014 година.
Вардаровата одбрана на почетокот ги примора ракометарите на Загреб индивидуално да ги завршуваат нападите и таквата игра го остави Загреб без гол цели 12 минути, а Вардар стигна до предност 4:1 во 15-та минута.
Загреб успеа да воспостави контрола, во наредниите четири минути стигна до гол негатива (5:6), но до крајот на првиот дел „црвено црните“ беа тие кои ја одржуваа преднотста од два гола.
Почетните седум минути од второто полувреме беа единствениот лош период во играта на Вардар. Загреб со серија 2:6, стигна до највисоката предност на мечот (14:16). Гонзалес потоа ја смни одбраната на 5-1 со Дибиров како „индијанец“, Вардар ја стабилизира играта ја врати предноста на своја страна, а со голот на Шишкарев во 52-та минута поведе 23:20 и го трасираше патот кон финалето.
Потоа, ниту комедијата која во последната минута ја предизвикаа словачките судии не ги спречи играчите на Вардар да се пласираат во финалето.
Манасков постигна шест голови (5/5 од седум метри), а идентичен учинок на спротивната страна имаше Хорват. Шутерски кај Вардар уште се искакнаа Душебаев со пет, Циндриќ со четири, односно Горбок и Карачиќ кои постигнаа по три гола.
Финалниот меч (недела, 19 часот) Вардар-Веспрем ќе биде своевидна увертира пред четврфиналниот двомеч на двата тима во игата на шампионите.