6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие 4 намирници се убијци на апетитот

Овие 4 намирници се убијци на апетитот

Grilled-Chicken-Meal

Хмм…Бадеми или пуканки? Плескавица или пилешко?

Доколку сакате да бидете најадени и притоа да симнете некој килограм, одредени намирници ќе ви помогнат полесно да ги стопите калориите.

Ќе имате и повеќе енергија и подолго ќе издржите до следното „ѕиркање“ во фрижидерот. Која е тајната на овие убијци на апетитот? Па, едноставна – побавно се варат. „Варењето е 5 – 10 проценти од целокупниот метаболизам“, објаснува Марџори Нолан Кон, основач на Американското здружение на нутриционисти MNC. „Кога јадете храна која побавно се вари, го принудувате дигестивниот систем да работи поинтензивно и да согорува повеќе калории. А, вие ќе бидете подолго време сити“.

Еве кои се тие намирници:

Лута пиперка

108433_profimedia0180237892_630x0

Не сакате во секое јадење да додадете чили сос? Епа, можеби треба два пати да размислите за тоа. Лекарите велат дека лутата пиперка го забрзува метаболизмот, побрзо ги согорува мастите, особено кај оние луѓе кои претходно не јаделе.

Значи, додадете само половина лажичка лута пиперка во вашето омилено јадење и метаболизмот ќе ви работи како часовник. И, да, кога храната е лута, автоматски јадете помалку.

Јачмен

Јачменот е супер намирница. Тоа што содржи многу различни влакна кои го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат апетитот и нивото на шеќер во крвта. Судејќи според најновото истражување кое го спровела професорката Ан Нилсон од Универзитетот Лунд во Шведска, со конзумирањето на леб и други намирници направени од јачмен, можеме успешно да го решиме проблемот со дебелината и да го намалиме ризикот од дијабетес.

Пилешко

49020_pomorandza-i-ruy_630x0

Ако сакате својот апетит да го држите под контрола, консумирајте протеини. Истражување објавено во магазинот на Академијата за нутриционизам и диететика (Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics) вели: Ако ја наполните својата чинија со квалитетни протеини, многу подолго ќе се чувствувате сити, отколку ако посегнете по било која друга храна.

Протеините ќе ве држат сити, а додека ги варите ќе согорувате повеќе калории. Меѓутоа, бирајте внимателно. Темното месо може да биде многу масно, затоа бирајте пилешко бело месо и јагнешко, но внимателно одбрани парчиња. Доволни ви се 100 грама по оброк. Доколку не сакате месо, завртете се кон леќа, грав и леблебија.

Бадеми

Поминаа само час, два од појадокот, а вие веќе умирате од глад? Не посегнувајте по грицки, земете сурови бадеми.

Истражувањето кое го спровело списанието “European Journal of Nutrition”, вели дека жените кои јаделе сурови бадеми помеѓу оброците, а не овошје или некои други грицки, за ручек или вечера јаделе многу помалку отколку кои жените за ужина не јаделе ништо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП