28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ дава по 400.000 евра за титулата во Франција

ПСЖ дава по 400.000 евра за титулата во Франција

psg-porto

Според медиумите во Франција секој од играчите на ПСЖ ќе добие по 400.000 евра бонус ако тимот ја освои титулата во домашното првенство. „Светците“ водат со седум поени пред второпласираниот Олимпик Марсеј. Тројца играчи на тимот, Зомана Камара, Златан Ибрахимовиќ и Тиаго Силва преговарале со спортскиот директор Леонардо за вредноста на наградите.

Фудбалерите ќе добијат сериозна сума за евентуалниот успех, но треба да се напомене дека играчите на ПСЖ не добиваат дополнителни премии за освоен натпревар од шампионатот. Играчите кои го напуштиле тимот во текот на сезоната, но забележале настап на некој од натпреварите во текот на годината исто така ќе добијат дел од предвидената премија, но во зависност од средбите кои ги одиграле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП